Искусниот дефанзивец кој сега го носи дресот на ПСЖ, Серхио Рамос повеќе нема да игра за Шпанија, но не по негова желба.
Рамос соопштение на социјалните преку кое ја објасни својата одлука.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Дојде време. Се збогувам со репрезентацијата на Шпанија. Утрово разговарав со актуелниот селектор и ме извести дека не сум дел од неговите планови, без разлика како ќе играм или што ќе правам. Со тешко срце, тука е крајот на патот, се надевав дека ќе заврши со подар вкус.
Искрено верувам дека ова патување кое го имав заслужи да заврши по мој избор или бидејќи моите перфорамнси не се потребното ниво. А не поради годините или други причини, иако овие работи не ги слушнав, доволно сум искусен да ги почувствувам. Затоа што возраста само по себе не е предност или недостаток, тоа е само бројка што секогаш не е поврзана со перформансите или способностите. Им се восхитувам на играчи како Модри, Меси и Пепе.
Тие се суштината на традицијата, вредностите, меритократијата и правдата во фудбалот. За жал нема да биде така за мене бидејќи фудбалот не е секогаш фер и фудбалот никогаш не е само фудбал“.“, стои помеѓу другото во неговото соопштение.
Seguiré animando a mi país desde casa con la emoción del privilegiado que ha podido representarlo orgulloso 180 veces. ¡Gracias de corazón a todos los que siempre creísteis en mí! ❤️💛❤️ pic.twitter.com/KzVldPhiqo
— Sergio Ramos (@SergioRamos) February 23, 2023