Дома Фудбал Италија Сезоната уште непочната, а Имобиле поради Роналдо се „отпиша“ од трката за најдобр стрелец

Сезоната уште непочната, а Имобиле поради Роналдо се „отпиша“ од трката за најдобр стрелец

Кристиано Роналдо ова лето го засили Јувентус, трансферот беше официјализран пред неколку недели, но и понатаму во медиумите се коментира голема зделка која ја направи акутелниот шампион на Италија.

Последен за трансферот на Роналдо зборуваше одличниот напаѓач на Лацио, Чиро Имобиле кој во последната сезона заедно со Икарди од Интер со по 29 погодоци беа најдобрите стрелци, со тоа што Имобиле имаше повеќе асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Му благодарам на Бог што имав време да стигнам до титулата најдобар стрелец“, кратко порача Имобиле кој со овие зборови како да се отпиша од трката за најдобар стрелец во новата сезона.

Иначе за 28 годишниот Имобиле минатогодишната титула за најдобар стрелец веше втор таква во неговата кариера бидејќи истата ја освои и во сезоната 2013/2014 кога постигна 22 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трио фудбалери сакаат само во Барселона, а меѓу нив е и – Влаховиќ

Барселона планира зимски и летни инвестиции, но финансиите и понатаму претставуваат главен…