Дома Македонски спорт Светско првенство во карате: Македонија со 4 претставници – ова се резултатите!

Светско првенство во карате: Македонија со 4 претставници – ова се резултатите!

На првиот ден од Светско првенство за кадети, јуниори и сениори до 21 година кое што се одржува во арената „Сантијаго Мартин“ во Тенерифе, Шпанија, во шест дисциплини карате репрезентацијата на Македонија имаше четири претставници.

Најуспешна беше Владанка Аврамова која во категоријата Кати – кадети (ж) успеа да стигне до 4 – то коло. Во првата рунда Аврамова беше поуспешна од Денис Кордиљо – Вевер од Гватемала со 4-1. Во второто коло македонската каратистка беше подобра од Славица Црновиќ од Србија со 3-2, додека во третиот натпревар ја совлада Пиа Цезар од Словенија. Во 4 – то коло Аврамова загуби од Нуран Севидан со 5-0.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во категоријата Кати – кадети (м), Александар Неделковски успеа да помине две кола. Во првата рунда Неделковски беше подобар од Александар Маршал од Шкотска со 3-2, додека во 2 – то коло беше поуспешен од Александар Кузњецов од Киргистан со 3-2. Во 3 – то коло нашиот каратист загуби од Варед Карим Гали од Египет со 5-0.

До 3-то коло стигна и Маријана Димоска во категоријата Ката – У21 (ж). Димоска во 1 – то коло беше слободна, во 2 – то беше подобра од Викторија Романо – Круз од Мексико со 5-0, додека во 3 – то коло загуби од Французинката Лила Буи со 3-2.

Свој настап во првиот ден од првенството во Тенерифе имаше и Кириана Камческа во категоријата Ката – јуниори (ж), која загуби во 1 – то коло од Андреа Руис Армада од Венецуела со 3-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дориев уште две години во тимот од Узбекистан

Македонскиот фудбалер Љупчо Дориев потпиша нов договор со Согдиана, официјално објавија од…