Новиот слектор на репрезентацијата на Англија, Герет Саутегејт го шокираше своите играчи кога им соопшти како ќе ги започнат подготовките за натпреварот против Шкотска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Саутејт ги собра играчите и персоналот и ги одведе на дводневна одбука нa британската Кралска војска. Играчите ги оставија своите мобилни телефони и своите приватни работи и си заминаа на дводневна обука.
Тренинг кампот „Девон“ беше местото каде што британските играчи го одржаа тренингот, а спиеа под отворено небо.
„Тимските цели беа надминување на личните граници и потпирање на соиграчите во ситуации во кои не мислеа дека ќе се најдат, а истовремено не смеете да го изневерите оној кој се потпира на вас“, изјави Саутгејт.
Хари Кејн, Деле Али, Адам Лалана, Рахим Стерлинг, Џермејн Дефо и Џон Стоунс се само некои од ѕвездите кои беа на кампот. Крис Смолинг, Џесе Лингард и Маркус Рашфорд не присуствуваа на тренингот, бидејќи имаа одмор поради финалето во Лигата на Европа.
Сите фотогртафии погледнете ги ОВДЕ