Италијански Лацио се избори за нокаут фаза во Лигата на шампионите, а по натпревароти интересна изјава имаше тренерот Маурицио Сари.
На Лацио не му оди во Серија А најдобро, меѓутоа се пласираше во осминафиналето од најелитното европско натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ниту помалку, ниту повеќе Сари за прв противник во нокаут фазата ја посака Барселона.
„Би сакал да играм против Барселона во осминафиналето. Сакам да се сретнеме затоа што не сум играл претходно против барселона, за мене тоа би било прекрасно искуство“, изјави Сари.