Маурицио Сари на прес-конференцијата пред осминафиналето во Лигата на шампионите против Лион зборуваше и за ситуацијата со коронавирусот.
Стратегот на Јувентус потенцираше дека проблемиот не е италијански, туку европски и глобален.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа е европски и глобален проблем. Во Италија направивме 3.500 тестирања за коронавирус и затоа имавме повеќе позитивни тестови. Во Франција вие направивте околу 300 тестирања, па очигледно просекот на позитивни е понизок. Ако направевте тестирања колку и ние веројатно ќе имавме и толку позитивни резултати“, изјави Сари.
Потоа тој беше запрашан дали чувствува одговорност поради трофејот во Лигата на шампионите и дали неговата иднина зависи од тој трофеј.
„Искрено повеќе одгворност чувствувам во Италија. Надвор од Италија има повеќе тимови кои имаат шанси колку нас или повеќе. Се наоѓаме во група од 10-12 тимови кои можат да сонуваат за овој трофеј. Не знам од што зависи мојата иднина, но претседателот истакна дека ова е тригодишен проект. Ја имам голема доверба во она што го работам“, смета стратегот на Јувентус.