Дома Фудбал Репрезентации Сантош: Убеден сум дека Португалија ќе игра на Светското првенство

Сантош: Убеден сум дека Португалија ќе игра на Светското првенство

Селекцијата на Португалија ќе игра во баражот за Светското првенство, а ждрепката сакаше тие да бидат во нашата група.

Португалија во полуфиналето ќе игра со Турција, додека ние на спротивната страна ќе играме со Италија, победниците од двете двојки ќе играат за пласман на Мундијалот. Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош е убеден дека неговата репрезентација ќе игра на Светското првенство.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Мораме прво да се фокусираме на натпреварот со Турција. Се игра само еден натпревар и немате право на кикс. Позитивната страна на ждрепката е што ќе играме дома, но тоа не значи дека сигурно одиме во финале. Турција е квалитетна репрезентација, но убеден сум дека ако ние го покажеме нашиот квалитет ќе играме на Мундијалот“, изјави Сантош.

Полуфиналните средби во баражот се играат на 24. Март, а финалињата пет дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лапорта: Ќе го победиме Реал Мадрид без проблеми во „Ел Класико“

Големото шпанско дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра во недела од 16:15 часот,…