Вчера Валенсија го победи Реал Мадрид со 4:1 во натпревар во кој Солер постигна дури три гола од пенал.
Карлос Солер на тој начин запиша хет-трик од пенали, па статистичарите во Шпанија се позанимаваа со вакви слични ситуации во минатото.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во историјата на шпанското првенство девет пати биле досудени три или повеќе пенали на еден натпревар, а само двајца играчи покрај Солер успеале да реализираат три или повеќе уудари од белата точка.
Првиот е Алфедо Ди Стефано кој во 1958 година постигна три гола од пенали против Селта, а вториот е актуелниот помошник тренер на Динамо Ален Петернак кој во 1996 година реализираше четири пенали против Реал Овиедо во дресот на Ваљадолид. Неговиот тим во тој натпревар славеше победа од 8:3.
Tras 91 años de historia de La Liga y 25.521 partidos, solo ha habido TRES JUGADORES que hayan marcado TRES goles de penalti en un mismo partido:
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) November 8, 2020
? Di Stéfano (Madrid) contra el Celta en 1958.
? Peternac (Valladolid) contra el Oviedo en 1996 (marcó 4)
? CARLOS SOLER