Mистеријата околу авионот на Емилијано Сала конечно почна малку, по малку да се разрешува. Авионот беше пронајден на дното во англискиот канал.
На снимката се забележува и тело, но се уште не е потврдено за кого се работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа многу прашања остануваат нерасчистени и околу неговиот трансфер. Едно од прашањето е што ќе се случи со трансферот кој е рекорден во историјата на Кардиф.
„Сините птици“ за трансферот на Сала платија17 милиони евра, но сега многумина го сакаат делот од „колачот“ и не ги интересира трагедијата.
Сала беше највредниот фудбалер на Нант. Тој на 21 натпревар во актуелната сезона постигна 13 погодоци и претседателот на клубот Валдемар Кит сакаше да извлече голема сума бидејќи на Аргентинецот му остануваше уште година ипол од договорот со Нант.
Поради тоа (времетраењето на договорот) Сала ја ангажираше агенцијата на Вили Мекеј да му пронајде трансфер во адекватен клуб. Дел од сумата требало да добие и Меиса Диаје, долгогодишниот агент на Сала кој се вклучил во преговорите, за да ги заштити интересите на својот клиент.
Во работата бил вклучен уште еден агент, Бабе Драм кој наводно одиграл голема улога заедно со Марк Мекеј, синот на Вили Мекеј (сопственикот на агенцијата).
Провозија добил и Бакари Саного кој бил агент близок до претседателот на Нант, Валдемар. Зошто бил вклучен и што било неговата работа не е познато.
Сето ова (со агентите) се случувало зад грбот на Сала кој не бил запознаен дека за него се воделе напорни преговори за тој да заврши во Кардиф.
Според информациите целата работа Кардиф го чинела околу 34 милиони евра поради горенаведените агенти, иако трансферот изнесувал 17 милиони евра.
Од осигурувањето кое го има ФИФА Кардиф ќе ги добие назад тие 17 милиони евра, но би биле во загуба од 14 милиони евра кои требало да се поделат помеѓу агентите.
Поради тоа во клубот од Велс одлучиле да ги стопираат уплатите додека не биде разјаснето како нивното најскапо засилување во историјата на клубот патувал со ризичен лет, во тешки услови со мал авион и неискусен пилот.
Во јавноста се појавија информации дека Бордо, поранешниот клуб на Сала барал уплата од 8.5 милиони евра, бидејќи им припаѓа 50% од трансферот, но таквите информации не се потврдени.