Дома Фудбал Салах ги шокираше фановите на Ливерпул: Ова е моја последна сезона во клубот

Салах ги шокираше фановите на Ливерпул: Ова е моја последна сезона во клубот

Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед со 0:3 на „Олд Трафорд“ во третото коло од Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Луис Дијаз постигна два гола, во 35. и 42. минута, додека третиот Мохамед Салах во 56. минута. Египетскиот крилен напаѓач му асистираше на Колумбиецот за двата гола и беше најдобро оценет поединец на натпреварот, со оценка 8,9. По натпреварот тој го коментираше договорот со Ливерпул кој влезе во последната година.

“Ова е мојата последна година во клубот и сакам да уживам. Имам долго лето зад мене во кое размислував многу и бев позитивен. Слободен сум да играм фудбал. Ќе видиме што ќе се случи следната година. Никој во клубот сè уште не ми зборувал за продолжување. Можно е да ја играм мојата последна сезона тука“, изјави 32-годишниот Салах за новинарите по натпреварот.

Египќанецот е меѓу најдобрите играчи кои играле за Ливерпул во историјата. Со него ја освои Премиер лигата и Лигата на шампионите. Тој одигра 352 натпревари и постигна 214 гола со 92 асистенции. Во сезоната 2017/2018. беше најдобар стрелец во Премиер лигата со 32 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку по голот за Белгија го имитираше Трамп со неговиот танц (Видео)

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку се потруди да остави силен впечаток на синоќешнио…