Eвропската фудбалска унија (УЕФА) го суспендираше Рубин Казан на една сезона од сите европски натпреварување поради кршење на финансискиот фер-плеј.
Казната од УЕФА важи во наредните две години доколку Рубин успее да се плазира во Лигата на Европа или Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА соопшти дека Рубин го пекршил договорот за финансискиот фер плеј, како и дека има право на жалба до спортскиот суд во Лозана (ЦАС).
Рубин пред четири години беше сакнциониран со вкупно шест милиони евра поради слични прекршувања на правилата.
Фудбалерите на Рубин во овој момент се на петтата позиција на табелата во руската Премиер лига со само два бода помалк од втората позиција која води директно во Лигата на шампионите.