Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Русија покажа сила и против Египет, малиот блесок на Салах доволен за утешен погок

Русија покажа сила и против Египет, малиот блесок на Салах доволен за утешен погок

Со вечерашниот натпревар помеѓу Русија и Египет стартувано беше второто коло на Мундијалот во Русија.

Русија дефинитивно е репрезентацијата која до овој момент прикажа најубав фудбал на Мундијалот! Вечерва беше совладан Египет со 3:1 за веројатно  обезбеден пласман во 1/8 финалето, прво во историјата на оваа репрезентација.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Египќаните влегоа со големи мотиви во овој натпревар, посебно што можеа да смеаат на Мохамед Салах кој од првата минута се најде на теренот.

Првото полувреме помина без поголеми прилики на двете страни.

На самиот старт се случи можеби и клучниот момент. Дефанзивецот на Египет Фатих си постигна автогол и тој автогол како психолошки да влијаеше на египетските репрезентативци.

Од тој момент Русија беше репрезентацијата која доминираше.

Во 59 минута Черишиев по една одлична акција постигнува гол за 2:0, а веќе три минути подоцна Џуба ја погодува мрежата на Египет за високи 3:0.

Десетина минути подоцна следуваше мал блесок на Мохамед Салах кој изнуди пенал, а подоцна и самиот го реализираше за конечни 3:1. Сепак, повеќе од тоа не можеше.

На крајот овој пораз за Египет многу веројатно значи и елиминација, додека на Русија широки и ги отвара вратите за 1/8 финалето.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вучиќ дојде на натпреварот на Црвена звезда и доживеа брутално понижување (Видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по долго време се појави на стадионот Рајко Мити…