Роналдо во Јувентус пристигна минатото лето за 112 милиони евра, постигна 19 гола на 30 настапи и покрај слабиот старт, а со голот во финалето од Супер Купот и до донесе првиот трофеј на „Старата дама“ оваа сезона.
Често се шпекулриа дека во Торино би можел да се придружи неговиот голем пријател Марсело и таа приказна се уште е актуелна, ќе видиме што Јуве ќе направи на оваа тема следното лето. Медиумите во Италија и Шпанија пренесуваат и дека Португалецот во редовите на Јуве би сакал да види уште двајца играчи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден е неговиот поранешен соиграч од Реал, Хамес Родригез. Колумбиецот ја одработува втората година на позајмица во Минхен, Баварците имаат опција да го откупат по завршувањето на сезоната, но се повеќе се зборува дека тоа нема да го нарпави. Голем број клубови внимателно ја следат ситуацијата во Минхен поради поранешниот играч на Порто и Монако, а меѓу нив е секако Јуве.
Освен Родригез, Роналдо би сакал да соработува и со талентираниот сонародник, Жоао Феликс. На младиот Поруталец му се предвидува блескава иднина, оваа сезона е во првиот план во редовите на Бенфика, се зборува дека и Ливерпул е заинтересиран за неговите услуги. Самиот Феликс истакна дека еден ден би сакал да заигра со Роналдо, ќе видиме дали Јувентус е способен да ја победи силната конкуренција и да му ја исполни желбата на Ронадло.