Дома Фудбал Останато Роналдо спремен да ја признае вината, познато и каква казна може да добие

Роналдо спремен да ја признае вината, познато и каква казна може да добие

ronaldo

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо во последните година дена има големи проблеми со законот.

Португалскиот фудбалер неодамна беше обвинет за силување кое пред речиси десет години се случи во Лас Вегас, а претходно Роналдо имаше проблеми со данокот во Шпанија. Роналдо е обвинет за затајување на данок во периодот помеѓу 2011. и 2014. година, а вкупно наводно сокрил речиси 15 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано претходно беше прогласен за виновен и плати казна од 13,4 милиони евра, но шпанскиот суд продолжи со процесот и сака да се појави и на суд за да му се изрече и затворска казна.

Роналдо одлучи да признае дека е виновен и да се решат сите проблеми. Ја прифати одлуката на судот за затворската казна од две години, но нема да отиде зад решетки, бидејќи секоја казна која е помала од две години во Шпанија е условна.

Се разбира, ако истиот чин се повтори на територијата на оваа држава, Роналдо би заминал зад решетки, но шанси дека такво нешто ќе се случи се речиси непостоечки. Сега пред Роналдо е уште една тужба за силвуање во САД. Истрагата за тој случај се уште трае, но многу е стишена за разлика од претходните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…