Дома Фудбал Останато Роналдо: Не треба да му судиме на Диего по приватниот живот, загубата е огромна

Роналдо: Не треба да му судиме на Диего по приватниот живот, загубата е огромна

Голем број фудбалски легенди се огласија по повод трагичната смрт на Диего Армандо Марадона, а многумина можеби се запрашаа зошто го нема Бразилецот Роналдо.

Роналдо се огласи неколку дена по смртта на Диего.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Диего го промени начинот на кој го гледаме фудаблот, промени многу животи ширум светот. Не треба да му судиме по неговиот приватен живот, тоа е негова работа. Секој има право на избор. Смртта на Диего предизвика шок кај мене. Загубата е огромна, беше прекрасна личност“.

Раскажа и како му подарил часовник додека тој бил дел од Реал Мадрид. Тука откри и зошто Диего секогаш носеше два часовници на неговата рака.

„Вечеравме во Мадрид, а тој ми кажа за двата часовници. Беа подарок од неговите деца и сакаше да ги носи секаде со себе. На заминување ми го подари едниот часовник. Прво не сакав да го прифатам, но беше упорен и морав да попуштам. Тој часовник ќе го чувам на специјално место до крајот на животот“, расакажа бразилскиот ас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …