Дома Фудбал Останато Роналдо: Не ме мотивираат парите, туку да бидам најдобар!

Роналдо: Не ме мотивираат парите, туку да бидам најдобар!

Кристиано Роналдо имаше неверојатна 2016 година, најдобра во кариерата, во која освои Лига на шампиони со Реал, Европско првенство со Португалија и стигна до четвртата „Златна топка“.

„За успех не е важно колку часа тренирате, туку како тренирате. Може тоа да биде само еден час, но ако дадете се од себе, можете да ги остварите своите цели. Така јас работам и опстојувам веќе седум-осум години. После тренингот со Реал, вежбам дома со приватен тренер. За да опстанеш на вака високо ниво, мораш да одиш до граница, но и да се грижеш за телото“, истакна Роналдо, а потоа проговори за парите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Парите за мене не се најважната работа. Нормално, важно е што ќе правам после фудбалската кариера за да бидам независен. Парите се тоа што ми треба за да можам удобно да живеам и после фудбалската кариара. Меѓутоа, сакам уште неколку години да бидам фудбалер. Потпишав одлични договори со спонзорите и со Реал и среќен сум што имам такви договори во овие години“.

„Тоа само ме тера за додатно да напредувам и да го задржам ова нив. Заработувам многу повеќе од лекари или други луѓе со важни професии, но се е работа на личен став. Јас во својата работа пробувам да бидам најдобар и напорно работам за да го постигнам тоа. Не ме мотивира заработиката, туку да бидам најдобар“, заклучи Портуаглецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…