Репрезентацијата на Португалија синоќа ја победи Швајцарија со 3:1 во полуфиналето на Лига на нации.
Завршницата на ова натпреварување се игра токму во Португалија, а домашната селекција успеа да избори пласман во финалето. Тоа го направија благодарение на Роналдо кој запиша хет-трик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо првиот погодок го даде од слободен удар, но Швајцарците преку Родригез дојдоа до 1:1. И кога се чинеше дека ќе има продолженија Роналдо повторно стапи на сцена.
Тој во самиот финиш на натпреварот ги сруши сите надежи на противничкиот тим бидејќи во две минути постигна два гола и со тоа ги постави конечните 3:1.
Роналдо денеска се огласи на Фејсбук страницата со интересна порака.
„После 90 минути интензивни вежби секогаш постои шанса за финале. Најдобро е спектакуларно да го завршите секое шоу.“ – порача капитенот на Португалците.