Познато е дека Кристиано Роналдо е миленик на претседателот Флорентино Перез, а шпанските медиуми тврдат дека Португалецот му сугерирал да го ангажира дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи.
Роналдо наводно смета дека на тој начин Реал конечно ќе успее да ја стабилизира одбраната која оваа сезона не е сигурна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид оваа сезона не игра според очекувањата и заостанува 8 бода зад лидерот Барселона, а Португалецот смета дека главен виновник за тоа е славата одбрана.
Дали Перез уште во јанури ќе му ја исполни желбата на Роналдо, останува да видиме, но сигурно дека играч како Бонучи значително ќе го засили тимот на „кралевите“. Притоа, италијанскиот дефанзивец може да настапува во Лигата на шампиони.
Бонучи ова лето пристигна во Милан во шокантен трансфер од Јувентус, но оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на „росонерите“.