Дома Фудбал Останато Роналдо му понуди на Јувентус голман, но италијанскиот клуб го одби неговото барање

Роналдо му понуди на Јувентус голман, но италијанскиот клуб го одби неговото барање

Јувентус тековната сезона ја започна со два нови голмани, Буфон по 17 години го напушти клубот, а го замени дуото Шчезни-Перин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полјакот е прва опција, но и Италијанецот е поставен да го превземе водството. Меѓутоа, во Торино се сметаше дека не се толку среќни со новиот избор и дека би можело нешто да направат во врска со тоа, а наводно им било понудено идеално решение во вид голманот на Реал, Кејлор Навас.

Голманот падна во втор план на „Бернабе“ од доаѓањето на Куртоа, се верува дека Јуве без поголеми проблеми би можел да го ангажира. Навас на клубот од Торино го предложил токму Роналдо, кој е многу добро запознаен со неговите квалитети, но изгледа дека желбата на најголемото засилување во историјата на Јуве нема да биде исполнета.

Имено, Јуве ја одбил можноста да потпише со Навас, наводно апсолутно е задоволен од чуварите на мрежата кои ги има на располагање. Голем поттик за поранешниот голман на Арсенал и Рома, но и за Перин, но ќе видиме што ќе рече Роналдо на сето ова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…