Бразилскиот Роналдо и Дел Пиеро имаа вклучување во живо на на Инстаграм.
Двајцата легендарни фудбалери зборуваа на разни теми, а една од нив беше и Златната топка. Ронадло смета дека Дел Пиеро заслужил во кариерата да има барем една Златна топка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Заслужи да ја освоиш Златната топка како што заслужија, Тоти, Малдини, Раул и Роберто Карлос. Карлос два пати беше втор никогаш не успеа. Секогаш ќе бидете ценети, но имам чувство дека тоа признание моравте да го добиете“, зборуваше Роналдо, на што Дел Пиеро одговори.
„Секако дека би било убаво да ја освоев Златната топка, но не жалам. Во животот некогаш победуваш, некогаш губиш. Така ми се случи во финалето во Лигата на шампионите и Европското првенство“.
Роналдо потоа се потсети и на проблемите со повредите.
„Првите четири или пет години немав проблеми сп овредите. Пред 2000 година тренирав поинаку отколку потоа. Често пати трчав со Роберто Карлос и Кафу, работев исто како и тие, но тоа не беше потребно за мојата позиција. Секогаш имав проблем со трчањето на долги дистанци. Не обвинувам никого, но тоа е единствено објаснување за моите повреди. Од некои никогаш не се опоравив“, зборуваше Роналдо.