Aпи Ноури, младиот талент на Ајакс беше тешко повреден летото 2017 година во пријателскиот натпревар против Вердер. Тогаш се сруши на теренот, а со брзата реакција на лекарите му беше спасен животот.
Тој при губењето на свеста претрпе оштетување на мозокот и скоро една година година беше во кома. Оваа вест жестоко го потресе комплетниот спортски свет, а посебно Ајакс и соиграчите на Ноури.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес е врзан за кревет и не може да ја продолжи кариерата, пред неколку дена го прослави 22-тиот роденден.
Во таа чест со мало задоцнување порака му испрати и Кристиано Роналдо.
„Здраво Ноури, јас сум Кристиано. Ти посакувам среќен роденден и брзо опоравување, се најдобро“, порача Португалецот.
Утре Ајакс го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Јувентус на Роналдо.
Amazing support by Cristiano for brother Abdelhak Nouri. We keep praying.. Any place Any time ❤?? pic.twitter.com/vFtHIK1vgo
— TouzaniTV (@touzani7) April 9, 2019