Дома Фудбал Останато Роналдо до ПСЖ: Пет години бев дел од „Галактикоси“ и не ја освоив Лигата на шампионите

Роналдо до ПСЖ: Пет години бев дел од „Галактикоси“ и не ја освоив Лигата на шампионите

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо, а сегашен претседател на шпански Ваљадолид испрати предупредување до ПСЖ дека не се потребни само најдобрите играчи за да се освои Лигата на шампионите.

Роналдо посочи дека за освојување на најпосакуваниот европски клупски трофеј треба да се поклопат повеќе работи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Рано е да кажеме кој ќе ја освои Лигата на шампионите, ПСЖ во овој момент можеби е во пол позиција, но работите на теренот се сосема нешто други. Многу фактори влијаат на освојувањето на Лигата на шампионите. Јас пет сезони бев дел од „Галактикосите“ на Реал Мадрид, а никогаш не ја освоив Лигата на шампионите“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бившо крило на Јувентус: Левандовски би бил совршен за тимот

Поранешното крило на Јувентус, Даглас Коста, му го препорача клубот на некогашниот соиграч…