Аргентинецот Лионел Меси испиша нова историја и по седми пат беше избран за најдобар фудбале рна годината. Аргентинецот ја освои „Златната топка“ на манифестацијата која ја организираше „Франс Фудбал“.
Кристиано Роналдо за првпат во последните 11 години заврши надвор од топ 5, Португалецот беше шестопласиран. Роналдо не присуствуваше на церемонијата во Париз, а преку медиумите испрати порака до организаторот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Исходот денес ја објаснува изјавата на Паскал Фере минатата недела кога изјави дека мојата главна амбиција е да ја завршам кариерата со повеќе „Златни топки“ од Меси. Го искористи моето име да се промовира себеси и медиумите за кој работи. Неприфатливо е одговорниот за оваа награда да лаже на ваков начин, во апсолутно непочитување кон некој кој секогаш ги почитувал „Франс Фудбал“ и „Златната топка“. Денес повторно излажа оправдувајќи го моето отсуство од гала манифестацијата со наводен карантин кој не постои“, стои меѓу другото во пораката на Роналдо.