Дома Фудбал Роналдо веќе почна да ја плаќа казната кај шпанските власти

Роналдо веќе почна да ја плаќа казната кај шпанските власти

Неколку дена пред трансферот во Јувентус, Кристиано Роналдо започнал да го плаќа својот долг кај шпанските власти поради обвинението за неплаќање данок.

„Cadena Cope“ пренесува дека Португалецот веќе платил 13,5 милиони евра од целата сума која изнесува 18,8 милиони, па му преостануваат уште 5,3 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Роналдо беше обвинет дека прикрил данок во висина од 14,7 милиони евра од приходите за имиџ правата во периодот од 2011 до 2014 година, додека беше фудбалер на Реал Мадрид.

Долго време тој одбиваше да ја признае вината, но на крајот склучи договор со обвинителството да плат 18.8 милиони евра.

Според шпанските медиуми Роналдо може да добие и условна казна затвор од 2 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…