Дома Трансфер зона Рома со Барселона за Перез ја договори една од најчудните клазули

Рома со Барселона за Перез ја договори една од најчудните клазули

Карлес Перез денес потпиша договор со Рома.

Младиот 21 годишен фудбалер пристигна на позајмица од Барселона до крајот на сезоната, а римскиот клуб ќе има обврска да го откупи за 11 милиони евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Клазулата која ја договорија Рома и Барселона во овој трансфер е неверојатна и необична, а тимот од „Ноу Камп“ со таа клазула се обезбеди дека ќе го продаде Перез.

Имено, Рома ќе има обврска да го откупи Перез ако освои барем еден бод до крајот на првенството и ако Перез одигра барем еден натпревар.

Нема дилеми дека тоа ќе се случи многу брзо, па јасно е дека Рома наредното лето ќе го има неговиот договор во целост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…