ДАНИ ОЛМО (26) потпишува за Барселона. Сигурниот инсајдер Фабрицио Романо тврди дека трансферот е завршен. Лајпциг ќе добие 55 милиони евра фиксни и евентуално бонуси во висина од 7 милиони евра.
Романо додава дека повеќето од условите неопходни за активирање на овие бонуси тешко ќе се остварат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Олмо ќе потпише на шест години. Шпанскиот напаѓач претходно ги договори сите услови за соработка со Барселона, а вчера спортскиот директор на Барса Деко ја заврши својата работа во Германија.
Романо доцна синоќа објави уште нешто: „Ова е првата слика на Олмо како играч на Барселона. Само што слета. Во авионот седи со спортскиот директор на Барса Декo, кој беше клучот за постигнување договор со Лајпциг. Таму се и таткото на играчот Мигел Олмо и претставниците на Дани Хуанма Лопез и Енди Бара. Вториот направи селфи кое ги воодушеви навивачите на Барса.
🚨🔵🔴 Dani Olmo and exclusive first picture as Barça player, just landed. 🛩️
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 6, 2024
Olmo next to Barça director Deco key to seal the agreement with RB Leipzig today with Andy Bara, Juanma Lopez and the player’s father Miguel Olmo.
Pic for the day for Barça. 📸 pic.twitter.com/NpXtFMadbS