Дома Македонски спорт Ристовски: Фудбалот во Македонија е колку пари – толку музика, жал ми е за Вардар

Ристовски: Фудбалот во Македонија е колку пари – толку музика, жал ми е за Вардар

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски во интервју за хрватски „Јутарњи“ зборуваше за ситуацијата во македонскиот фудбал.

Македонскиот клупски фудбал, не е на посакуваното ниво, но како што вели Ристовски кај нас е – колку пари, толку музика.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фудбалот во Македониај не е сјаен, би кажал колку пари, толку музика. Денес фудбалот е бизнис, во Македонија стагнира инфраструктурата. Сепак се надевам дека ќе дојдат и нашите пет минути“.

Потсети на настапот на Вардар во Лигата на Европа.

„Пред неколку години Вардар играше во групната фаза во Лигата на Европа, денес е во втора лига и многу ми е жал. Не знаеме да чуваме бренд. Многу клубови, кошаркарски, ракометни, фудбалски пропаѓаат. За да станете фудбалер за високо ниво морате да си одите од Македонија, во овој момент за жал не гледам клуб каде што би останале подолго. Динамо е пример како треба да се работи“, истакна Ристовски.

Горд е на постигнатото со репрезентацијата.

„Во Македонија не се чувствувам како ѕвезда, но се чувствувам исполнето после се што направивме. Играв на Европско, победивме некои од најсилните репрезентации во светот. Кога ќе видиме каков ни е фудбалот, ние направивме и многу повеќе од очекуваното. Но, имам 30 години и сакам уште многу успеси“, изјави македонскиот капитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…