Бразилскиот напаѓач во редовите на Сити пристигна од Палмеирас во 2017 година, а Граѓаните за тогаш 19-годишниот играч “искешираа“ неверојатни 32 милиони евра.
Хесус во својата прва полусезона на Островот на 10 настапи постигна седум погодоци и со тоа најави за каков играч се работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во ист ритам продолжи и наредната сезона кога на 29 натпревари постигна 13 погодоци, додека оваа година имаше скромен учинок со постигнати само седум погодоци на 29 натпревари.
Овој 22-годишен играч поголемиот дел од натпреварите ги започнуваше од клупата, бидејќи Агуеро се уште е прв избор во нападот на Пеп Гвардиола. Само на седум натпревари оваа сезона започна како стартер.
Во едно од интервјуата призна дека седењето на клупата понекогаш го фрустрира, а некогаш го дополнително мотивира да биде уште подобар.
„Секогаш сакам да играм. Нормално дека греењето на клупата ме фрустрира, но и мотивира повеќе да тренирам. Секогаш оставам јасно до знаење дека сакам да бидам дел од тимот кој стартува.“ – изјави Хесус во едно интервју за Goal.com.
Легендарниот бразилски играч Ривалдо има слично мислење како и Хесус кога е во прашање играњето. Тој смета дека неговиот сонародник може повеќе.
„Не беше толку вреднуван оваа сезона како што беше во претходната и мислам дека треба да размисли за промена на средината, каде ќе биде прва опција во нападот, ако нешто драстично не се промени.“ – изјави Ривалдо.