Репрезентативката на Македонија, Ангела Јанкуловска по освоената двојна круна со ЖРК Ѓорче Петров ќе ја продолжи кариерата во Чешка.
21-годишната ракометарка потпиша договор со Слваија Прага од Чешка. Овој трансфер за 21-годишната битолчанка ќе биде и прв интернационален предизвик во кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во минатата сезона Славија Прага заврши на четвртото место во чешкиот шампионат и во новата сезона ќе игра во Европскиот куп на ЕХФ.
Покрај ЖРК Ѓорче Петров, Јанкуловска во кариерата настапуваше уште за Куманово и Пелистер.