Репрезентативецот на Русија и фудбалер на Зенит, Александар Кокорин на венчавката на Алан Чочијев си играше со пиштол, пукаше во воздух, па на неколку фотографии позираше со огненото оружје.
„Чочијев, честитки за твојата свадба“, викаше Кокорин додека го празнеше пиштолот во воздух.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во текот на послужувањето на храната на венчавката, Кокорин ги доближи пиштолот на своето лице, а на Инстаграм профилот објави фотографија со две огнени оружја.
„Благодарам на гостопримливоста“, напиша Кокорин покрај таа фотографија.
Ниту полицијата ниту Зенит се уште не коментираа на неговата фотографија. Кокорин е член на руската репрезентација за која од 2011. одигра 48 средби и постигна 12 погодоци.