Tимот на Скопје успеа да го запре победничкиот чекор на актуелниот лидер на табелата, Шкупи. Денес овие два тима одиграа реми без голови 0:0.
Доминираше Шкупи 90 минути и ја имаше топката во свој посед, но никако „чаирчани“ не успеаа да направат некоја посериозна прилика, Скопје играше цврста дефанзива и добро се бранаеше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во битката на Автокоманда не видовме премногу прилики, а обидите на Скопје во главно беа со удари со глава, додека Шкупи се закануваше преку Фреди Алварез и Хамиди.
Со овој осовен бод Шкупи дојде до 26 и е на пет бода од најблискиот ривал Работничките во трката за сигурен спас. Шкупи од друга страна се уште има одлична предност пред Академија Пандев со 11 бодови (62).
Фото: ФК Шкупи