Дома Фудбал Инцидент во Втора лига: Прекин на натпреварот Кожуф – Скопје (Видео)

Инцидент во Втора лига: Прекин на натпреварот Кожуф – Скопје (Видео)

Инцидент го одбележа денешниот натпревар од Втората лига меѓу Кожуф и Скопје во Гевгелија.

Во вториот дел, веднаш по голот на гостите за водство, еден нивни фудбалер остана да лежи на тревникот откако, според првичните информации, бил погоден со тврд предмет од трибините.

Ситуацијата предизвика жестока реакција и турканица меѓу играчите и дел од присутните, па судијата мораше да го прекине натпреварот речиси петнаесет минути.

По смирување на тензиите мечот продолжи, а домашниот состав на крај успеа да дојде до израмнување и да го постави конечниот резултат – 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн со месеци во аут, Баерн гледа кон напаѓач од 60 милиони евра

Повредата на Хари Кејн ги менува јануарските планови на Баерн. Баварците го следат Николо …