Ерлинг Халанд на лето речиси сигурно ќе го напушти тимот на Борусија Дормтунд, а борбата за неговиот потпис веќе започна.
Сепак, како што пренесуваат германските медиуми Халанд нема да биде единствената ѕвезда која ќе ја напушти Борусија Дортмунд ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дортмунд има уште една лоша сезона која најверојатно ќе ја заврши без трофеј, па се очекува уште неколку играчи да го напуштат клубот.
Медиумите тврдат дека на излезна врата се Торган Азар, Јулијан Брандт и Нико Шулц, кои веќе почнале да си бараат нови клубови.
Интерес за Азар постои од неколку европски клубови, а другите двајца имаат понуди од други клубови од Бундеслигата.