Реал Мадрид има намера да ја засили одбраната и тоа со фудбалерот од редовите на градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид е спремен да ја активира клазулата во договорот на Хозе Марија Хименез која изнесува 60 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од таборот на „кралевите“ наводно се убедени дека за спомената сума и не можат да пронајдат подобар фудбалер на позицијата стопер, наведе „Марка“.
Хименес оваа сезона во главно беше во втор план кај тренерот Диего Симеоне кој предност им даваше на Диего Годин и Стефан Савиќ.
Уругваецот оваа сезона како стартер настапи на 17 натпревари во Примера.
Хименез во Атлетико пристигна во 2013 година од Дануби, а би можел да тргне по стапките на Тео Ернандез кој минатото лето премина во редовите на градскиот ривал.
Треба да се истакне и дека Хименез ќе биде дел од селекцијата на Ургувај која ова лето ќе настапи на Мундијалот во Русија.