Дома Трансфер зона Реал Мадрид го откупи Хоселу

Реал Мадрид го откупи Хоселу

Реал Мадрид го откупи договорот на напаѓачот, Хоселу, кој оваа сезона одигра важна улога во Лигата на шампиони.

Минатата сезона напаѓачот играше на „Сантијаго Бернабеу“ како позајмен од Еспањол, за што клубот плати 500.000 евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во договорот постои и откупна клаузула во износ од 1,5 милиони евра, па Реал реши да ја активира и да го задржи во тимот.

Тоа е награда за 34-годишниот напаѓач, кој оваа сезона беше херој од сенка за „кралевите“ и со своите два гола го елиминира Баерн во полуфиналето од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…