Дома Трансфер зона Реал Мадрид како замена за Бензема сака да го врати поранешниот напаѓач

Реал Мадрид како замена за Бензема сака да го врати поранешниот напаѓач

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид сака во своите редови да го врати напаѓачот на Еспањол, Луис Хоселу кој оваа сезона постигна 15 голови во Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Карим Бензема сезонава пропушти голем број натпревари поради повреда, додека на клупата, Карло Анчелоти нема адекватна замена за францускиот напаѓач.

Како решение за Реал, шпанските медиуми го најавуваат Хоселу. Напаѓачот на Еспањол досега во кариерата играше за Селта, Хофенхајм, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес, како и Реал за кој одигра само еден натпревар во сезоната 2011/2012.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…