Дома Фудбал Проблем за Анчелоти: Остана без фудбалерот кој сезонава одигра 35 натпревари

Проблем за Анчелоти: Остана без фудбалерот кој сезонава одигра 35 натпревари

Хоселу кој е единствениот класичен напаѓач на Реал Мадрид ќе мора да паузира од две до три недели поради повреда.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Напаѓачот тренираше нормално на почетокот на неделата, но потоа му отече десниот скочен зглоб поради повреда на еден од тренинзите. Сезонава Хозелу одигра 35 натпревари за „кралевите“ и само Винисиус и Родриго одиграле повеќе дуели од него, па јасно е дека ова е проблем за Анчелоти.

Зад себе има учинок од 13 голови и четири асистенции. Хоселу нема да игра викендов против Севиља во првенството, потоа против Лајпциг во Лигата на шампионите и уште двата првенствени натпревари против Валенсија и Селта.

Реал сезонава е само еден класичен напаѓач, меѓутоа во клубот свесно ризикуваа веројатно чувајќи го местото за Мбапе наредното лето. Во меѓувреме во нападот се уфрлува и Џуд Белингем кој стандардно е во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…