Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересирани за напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Хименез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на шпанските гиганти кои ја почнаа битката за негов потпис.
Реал во моментов го има само Хоселу на позицијата класичен напаѓач и сака во јануари да го доведе Хименез.
Интересот на Барселона за Хименез се засили во последните недели. Каталонците се импресионирани од брзата адаптација на напаѓачот во европскиот фудбал и го споредуваат Мексиканецот со Луис Суарез.
Хименез е најдобар стрелец на Феенорд со 13 гола на 10 натпревари, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.