Во јавноста денес реакции предизвика објавата на „Охрид Скај“ дека тимот на ГФК Охрид е казнет со 30.000 евра за натпреварот со Вардар од страна на МВР.
Сега со соопштение се огласија и од Охрид, соопштението ви го пренесуваме во целост:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е навистина шок за сите нас. Срамно и страшно. Ова е невиден преседан. Вакво нешто не памети македонскиот спорт. Против Вардар имавме еден беспрекорно организиран натпревар во фантастична атмосфера, а поради инцидент во кој ‘Комитите’ најпрво меѓу себе почнуваат физичка пресметка а потоа и со припадниците на МВР, казна добива ГФК Охрид!? Наместо МВР да биде одговорно за тоа што не успеало да смири гостински навивачи над кои ние немаме контрола, Охрид добива казна!?
Ваква парична казна не доделува ниту УЕФА во најквалитетните европски натпреварувања. Ако поединци од СВР-Охрид сакаат да се затвори клубот слободно нека ни кажат, затоа што оваа казна е надвор од секој памет со очигледна тенденциозност. Оваа казна значи само начин за бркање на видни легенди на клубот и поединци кои се вклучија за враќање на Охрид на старите патеки. Ако тоа им е целта, треба отворено да кажат“.