Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ им го одложи натпреварот, во Охрид бесни најавија и тужби: Вакво лудило не сме доживеале одамна!

ФФМ им го одложи натпреварот, во Охрид бесни најавија и тужби: Вакво лудило не сме доживеале одамна!

Денес требаше да се игра натпреварот помеѓу Охрид и Караорман во Втората македонска лига, но истиот е одложен.

Овој натпревар е одложен за да се сочува теренот за натпреварот на Струга во плеј-офот од Конференциската лига кој се игра на 24. август.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Но, од ГФК Охрид објави соопштение со кое изразуваат револт затоа што на истиот терен утре ќе играат Воска и Вардар, а оставка поднесе и спортскиот директор Данчо Целески.

Соопштението на ГФК Охрид ви го пренесуваме во целост:

 Утре на ден 19-ти август ТРЕБАШЕ да се игра првенствен натпревар помеѓу ГФК Охрид и ФК Караорман – ЕЗЕРСКО ДЕРБИ! Караорман годинава слави 100 години од постоење, а Охрид 104 години од постоење – 100 години ЕЗЕРСКО ДЕРБИ.

Некои луѓе од ФФМ наречени комисија ни го одложија натпреварот денес околу 17 часот, тие луѓе најверојатно немаат осетено ни 100 натпревари во животот. Добивме соопштение – инструкции дека натпреварот ни е одложен без никакви наведени проблеми или причини.

Неофицијално од мои лични контакти е одложен натпреварот поради потреба да се ЧУВА ТЕРЕНОТ од штета, бидејќи ФК Трим и Лум Струга треба да игра европски натпревар следната недела. Да е шегата поголема ФК Воска Охрид во недела игра првенствен натпревар против Вардар во Охрид на ИСТИОТ СТАДИОН!Е сега да објаснат овие агрономи како ние ќе го оштетиме теренот а Воска и Вардар ќе ја “галат” тревата.

Вакво ЛУДИЛО фудбалско не сме доживеале одамна. Наместо да ни кажат со време да го организираме натпреварот на друго место во друго време ние бевме подценати како клуб од втора лига…

ГФК Охрид Лихнидос ги има исплатено сите свои обврски према ФФМ и сите институции во државата. За утрешниот натпревар се организирани карантин, прехрана, навивачки спектакл и се друго по ред… Преку 10 илјади евра трошок. Луѓе пристигнати од странство го продолжија својот престој за да бидат присутни на натпреварот и две менаџерски групи (Унгарија и Словенија) се веќе присутни во градот за да го следат натпреварот.

После оваа лакрдија, Јас Данчо Целески Претседател на ГФК Охрид, долгогодишен спортски работник најавувам оставка која ќе ја поднесам до управниот одбор и до Градоначалникот на Град Охрид. Истотака ќе покренам тужба за загубена штета во име на ГФК Охрид против луѓето потписници на оваа одлука и против ФФМ.

Спортски Поздрав до сите вистински љубители на фудбалот во Македонија!

Данчо Целески

Претседател на ГФК Охрид Лихнидос

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…