Возачот на Ферари, Кими Рајконен денес оствари најбрзо време во текот на последниот ден од предсезонските тестирања на стазата Каталонија во Барселона.
Рајконен оствари време од 1:17,221 минути и беше за 0,5 секунди побрз од Фернандо Алонсо од Макларен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во Мелбурн ќе видиме што сме направиле на тестирањата. Ќе дадеме се од себе. Чувството е одлично“, истакна Рајконен, пренесуваат британските медиуми.
Актуелниот шампион, Луис Хамилтон од Мерцедес, беше 11. со резултат 1:19,464 додека неговиот клупски колега Ботас, беше побрз и оствари шесто време од 1:18,825 минути.
Возачите на Мерцедес ги завршија предсезонските тестирања бидејќи извозеа 1.037 кругови, повеќе отколку било кој клуб. Ферари извози вкупно 925 кругови.