ПСЖ вчера беше поразен од Барселона во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн (37:32).
Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес на прес-конференцијата истакна дека било невозможно неговиот тим да се врати после длабоката негативна.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Барселона игра навистина добро сезонава и заслужуваат честитки. Им посакувам среќа. На стартот од мечот бевме солидни, но потоа не можевме да ги следиме. Дозволивме да играат, во второто полувреме се обидовме да се вратиме, меѓутоа веќе беше невозможно. Барселона беше цврста во одбраната и нас ни беше тешко без Тофт Хансен. Исто така го немавме и Никола Карабатиќ“, изјави Раул по поразот.
Овој пораз за Раул Гонзалес значи дека ќе остане со една европска титула, онаа со Вардар во сезоната 2016/2017.