Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул го скрати списокот за Светското првенство – отпаднаа двајца ракоменари!

Раул го скрати списокот за Светското првенство – отпаднаа двајца ракоменари!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез дополнително го скрати списокот за Светското првенство кое ќе се игра во јануари.

Во пресрет на мини паузата шпанскиот стручњак на клупата од Македонија го скрати списокот за дополнителни двајца ракометари. Од селекцијата отпаднаа ракометарот на Металург Томислав Јагуруноски и членот на Пролет Ласко Андоноски.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Македонија подготовките ќе ги продолжи на 2 јануари, а Раул Гонзалес на располагање ќе има 20 ракометари. Како дел од овие подготовки, ќе одиграме две контролни средби против Србија, на 4 и на 5 јануари, од кои вториот дуел ќе биде од затворен карактер.

Мундијалот во Германија и Данска започнува на 10 јануари, а Македонија во групата се ноаѓа Бахреин, Јапонија, Шпанија, Исланд и Хрватска.

Фото: РК Металург

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…