Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул Гонзалес: Мора да играме добро цела сезона, не смееме да се опуштаме!

Раул Гонзалес: Мора да играме добро цела сезона, не смееме да се опуштаме!

Актуелниот освојувач на СЕХА-лигата, Вардар утре против Металург ќе ја отвори сезоната во регионалното натпреварување, а првиот меч пред своите навивачи ќе го одигра во вторник против Горење.

„Почеток е на сезоната и очекувам тежок натпревар. Горење има добри млади играчи и има нов тренер. Играат брз ракомет во нападот и цврсто во одбраната 6-0. Очекувам тежок меч бидејќи имаме проблеми со повредите“, истакна Гонзалез.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Вардар нампомена дека и покрај фактот што оваа сезона го нема Веспрем сепак тимот не смее да се опушта и мора да игра добро цела сезона.

„Веспрем беше тука лани, многу добар противник, сега го нема, но не значи дека ќе ни биде лесно. Тоа што Веспрем не е тука не значи дека треба да се опуштиме. Не треба уште сега да размислуваме што ќе се случи на завршниот турнир. Ако сакаме да играме Ф4 во мај, мораме да играме добро цела сезона, особено на домашен терен, сега треба да се фокусираме на секој нареден натпревар“, заклучи Раул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Фудбалските надежи до 17 години ќе одиграат два натпревари против Кипар

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соод…