Дома Македонски спорт Расте интересот: И Торино влегува во трката за Барди!

Расте интересот: И Торино влегува во трката за Барди!

Вчера во италијанските медиуми се појави вест дека Милан во Енис Барди гледа замена за Хакан Чалханоглу кој се пресели во редовите градскиот ривал Интер, а веќе денес имаме информација за нов калчолигаш кој покажал интерес за македонскиот репрезентативец.

Италијанските медиуми сега пренесуваат дека и Торино влегол во игра за потписот на Барди. Барди имаше добри настапи како за Леванте така и за Македонија, па не е чудо што интересот за него расте.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Освен тоа неодамна во шпанските медиуми се пишуваше дека Леванте размислува да го продаде Барди со цел да излезе од финансиската криза. Во Леванте ако го продаваат очекуваат од него да заработат околу 15 милиони евра.

До крајот на летниот преоден рок има повеќе од еден месец, па останува да видиме како ќе се одвиваат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…