Дома Останати Ракомет Ракометната бајка продолжува: ПСЖ е на колена, Алборг е во финалето на ЛШ!

Ракометната бајка продолжува: ПСЖ е на колена, Алборг е во финалето на ЛШ!

Ракометната бајка од Данска продолжува. Ракометарите на Алборг се први финалисти во ЛШ!

Во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, Алборг го совлада моќниот ПСЖ со 33:35.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Почетокот на натпреварот донесе одличен ракомет. Се играше борбено со убави потези, а на средината од првиот дел ПСЖ прави мини серија и на одмор заминува со 15-13.

Во продолжение Парижаните подобро го отворија натпреварот, стигнаа до +5, но неверојатните ракометари на Алборг се вратија во натпреварот.

Данскиот клуб прави серија од +6 и во 54. минута доаѓа до водство од 27:28.

Во завршницата подобро се снајдоа ракометарите на Алборг за конечни 33:35.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Барселона и Нант на Кире Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер пружи добар отпор на силната Барселона

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва загубија од повеќекратниот европски првак Барсел…