Во рамки на ЕХФ неделата месецов Македонија ќе одигра две пријателски средби против Србија во Стара Пазова.
Србија се подготвува за настап на Светското првенство во декември оваа година, додека Македонија не успеа и беше елиминирана од Романија во баражот. Натпреварите со Србија се закажани за 27. и 29. ноември.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во наредните денови се очекува селекторот Љубомир Савевски да го објави списокот на повикани ракометарки.