Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарите добија нов спонзор, Лазаров најави нов успешен циклус!

Ракометарите добија нов спонзор, Лазаров најави нов успешен циклус!

На денешната прес конференција на македонската репрезентација беше промовиран и потпишан договорот за спонзорство меѓу Халкбанк и Ракометната федерација на Македонија.

„Црвено-жолтите“ утре против Турција стартуваат во квалификациите за Европското првенство 2020.
„Почнуваме нов циклус, заедно со новиот наш партнер „Халкбанк“ се надеваме на нови успеси. Знаеме која ни е целта. Со максимален респект кон сите репрезентации од нашата група, се надевам дека со добра игра, квалитетна игра, дека ќе бидеме од ден во ден подобри и ќе ги искористиме овие натпревари за настапите на Светското првенство во јануари во Германија“, изјави капитенот Лазаров.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Селекторот Раул Гонзалез е претпазлив и истакна дека противниците не смеат да се потценат.

„Не е лесно да се најде добар спонзор, затоа сум горд на ова. Ние сега треба да се обидеме да се оддолжиме со победа на следните два натпревари, не треба никого да потцениме, нема да биде лесно“, вели Раул Гонзалез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…