Хрватскиот плејмејкер Иван Ракитиќ нема да го гледаме на Мунијалот во Катар бидејќи стави крај на репрезентативната кариера.
Хрватскиот плејмејкер беше еден од хероите на „коцкестите“ на минатото Светско првенство кога Хрватска стигна до финалето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ракитиќ беше запрашан и за можностите Светското првенство во блиска иднина да биде организирано на Балканот, а тој не е голем оптимист.
„Многу е рано да се зборува за такво нешто. Верувам дека за организација на таков настан би можеле да се бориме некаде во 2050 година. Најголем проблем со кој се соочуваме е инфраструктурата на која мора да се работи“, смета Ракитиќ.