Дома Видео Раиола има ново чудо: Трча 30 метри за 3.7 секунди, скока повеќе од Роналдо…

Раиола има ново чудо: Трча 30 метри за 3.7 секунди, скока повеќе од Роналдо…

Мино Раиола веќе подолго време е меѓу најдобрите фудбалски менаџери и под негова заштита се наоѓаат некои од најголемите светски ѕвезди.

Следниот играч за кој Раиола може да земе одлична провизија е Брајан Аџери Броби, 19-годишен играч кој стрелаше во своето европско деби.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Ајакс пред неколку дена со 1:2 во гости го победи Лил, а победничкиот гол го постигна токму талентираниот офанзивец кој за неколку месеци ќе стане слободен играч и тоа во своето деби во европските натпревари.

„Штета, направивме се да остане, но преферира да игра за некој друг. Таа приказна ме умори, но тоа е негово право.“ – рече Овермарс.

„Клубот инвестираше многу во него, значајно напредуваше. Мислам дека најдобро за него е да остане овде и да замине за неколку години.“ – смета Ерик Тен Хаг.

Броби сметајќи ги и настапите за младинската селекција на Ајакс на 103 натпревари постигна 84 погодоци.

„Трча 30 метри за 3.7 секунди, беше најбрз во Академијата. Со една нога скока повеќе од Кристијано Роналдо.“ – рече неговиот поранешен тренер од младинската селекција, Џон Хејтинга.

Останува да видиме за која сениорска селекција ќе настапува. Играше за кадетите и јуниорите на Холандија, а има можност да игра и за Гана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…